ВИДЕО: Тој ја запроси преку видео игра, таа кликна „ДА“

Во последно време, гледаме сè повеќе креативни запросувања ширум светот, па дури и кај нас. На бина на концерт, на полувреме на некој спротски натпревар, преку весници и слично.

Веб дизајнерот Роберт Финк реши да ја запроси својата девојка, Ејнџел Вајт, на малку поинаков начин.

„И реков дека SuperGenius, фирмата во која работам, работи на игра „Knight man: A Quest For Love“ со концепт, сличен како Супер Марио. Почнав да и зборувам за играта уште пред да ја завршам за да и најавам дека ќе треба да ја тестира.“ – објасни Роберт.

Со ’гејмерско’ искуство зад себе, Ејнџел без мака го водеше главниот лик, витезот, низ нивоата во кои тој собираше делови од златен прстен. Ако самата игра не и даде до знаење што следува, на крајот се појави екран со текст: Барав насекаде за да ја пронајдам мојата една и единствена љубов. Со сето срце верувам дека те пронајдов, тебе. Ќе ми ја направиш ли честа да го споделиш твојот живот со мене?

Парот бил заедно повеќе од две години, а Роберт изјави дека тоа било љубов на прв поглед.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести