(ВИДЕО) Тошковски да каже од каде се купуваат дипломи, сите се на слобода, децата се во гробовите! Потресни изјави на родителите на загинатите деца

Да го прашам министерот Панче Тошковски од каде се купуваат дипломи и каде се купуваат лиценци, вели денеска мајка на загинато дете во трагедијата во Кочани, информирам Инфомакс.

Денеска се одржа ушт еден протест под мотото „задоцнета реакција“, во организација на семејствата на загинатите. Реката народ предводена од семејствата на загинатите започна со маршот од градскиот плоштад, продолжи кон Трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани, МВР и Основниот суд во Ко

Мајка на загинато дете истакна дека починаа најборбените, тие што го жртвуваа сопствениот живот за да ги спасат другите.

– Никој не им помогнал на нашите деца, никој, да им помагале ќе беа во болница. Јас моето дете го најдов на два чекори пред вратата, уште мирисаше на парфем, вели мајката која додава дека додека семејствата протестираат за правда за нивните најмили, газдарицата на дискотеката се шета низ градот.

Девојче кое вечерта било во дискотеката низ солзи раскажува како му велела на полицаецот да не стои, туку да им помогне на тие што се внатре, но тој не реагирал.

Ужалените семејства велат дека не се задоволни од истрагата, сите се невини, сите се пуштени на слобода, некои се шетаат во Дубаи и го прашаа Панче Тошковски каде се купуваат дипломи.

Најчитани вести