Маријан Вајда, тренерот на вториот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, имаше расправија пред почетокот на финалето на Мастерсот во Лондон. Тој влезе во еасправија со шпанските навивачи, кои беа зад него со развиено знаме на нивната земја.
Вајда, кој соработува со Ѓоковиќ од 2006 година, прво побара од навивачите на Надал да го тргнат знамето, а потоа ги повика организаторите да го отстранат.


