ВИДЕО: Уругвај на чекор до Мундијалот во Бразил

Фудбалската репрезентација на Уругвај е на чекор до пласман на Светското првенство во Бразил следната година.

Селекцијата на Уругвај попладнево во Аман, славеше убедлива победа над Јордан со 5:0 во првиот натпревар од бараж двомечот.

Стрелци на головите за Уругвај беа, Максимилиано Переира (22 минута), Кристиан Стуани (42), Николас Лодерио (70), Кристијан Родригез (75) и Еисон Кавани (90). Реванш натпреварот Уругвај и Јордан ќе се игра на 21 ноември во Монтевидео.

Најчитани вести