(ВИДЕО) Во заедничка акција на македонската и грчката полиција за само една недела втор спречен меѓународен транспорт на дрога на јужната граница, со вкупна вредност од 200.000 евра

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, 10.08.2023 во 23.30 часот од страна на полициски службеници на граничната полиција од Регионалниот центар Југ, во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција, бил спречен меѓународен транспорт на дрога на јужната граница, со вкупна вредност од 200.000 евра.

Полициските службеници забележале две лица кои од територија на Република Северна Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија.

Како што соопшти МВР, поради сомнение дека во торбите се пренесува марихуана, тие биле пронајдени. Во нив имало околу 40 килограми марихуана, а малку подоцна се лишени од слобода и В.Х.(36) и Е.Џ.(52), двајцата државјани на Република Албанија. Двете лица од страна на грчката полиција се задржани за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

“Ова е втора ваква заедничка акција од почетокот на август помеѓу двете полиции, при што и во првата беше спречен транспорт на 40 килограми марихуана, како резултат на разменети информации помеѓу Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар Југ и Службата за борба против дрога од градот Килкиз. Како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР, во првата акција, на територија на Р.Грција беше лишен од слобода грчкиот државјанин Ј.С., кај кого беше пронајдена марихуаната”, истакна МВР.

“Воспоставената успешна соработка помеѓу службите за борба против дрога и граничната полиција од двете земји, што во кус интервал резултираше со овие две успешно реализирани акции за спречување на меѓународен транспорт на дрога, ќе продолжи и во иднина, со цел спречување на секаков вид на прекуграничен криминал”, порачаа од МВР.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести