(ВИДЕО) Запалено американското знаме на протест во Цирих против доаѓањето на Трамп во Швајцарија

Илјадници луѓе протестираа во центарот на Цирих против американскиот претседател Доналд Трамп и неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, обвинувајќи ги швајцарските власти дека даваат легитимитет на „авторитарна и плутократска политика“.

Група демонстранти се движеа низ централните градски улици со слоганот „Трамп не е добредојден!“ и го запалија американското знаме.

За време на протестот имаше мали судири меѓу полицијата и демонстрантите, јавува Свис инфо (Swiss info).

Полицијата, со опрема за сузбивање демонстрации, употреби водни топови и солзавец, додека медиумите објавија дека демонстрантите користеле и пиротехника и огномет.

За време на протестот, тројца полицајци се полесно повредени, додека едно лице е уапсено, објави градската полиција за Свис инфо.

Слични демонстрации се одржаа и на други места низ Швајцарија, вклучувајќи го и Берн.

Најнови вести

Најново од Македонија