(ВИДЕО)ТВ Тера: Се сруши ѕид на паркинг во Битола, оштетени паркирани автомобили

Се сруши ѕид на објект на паркинг во Битола и оштети неколку паркирани автомобили.

Се работи за локацијата на паркинг просторот зад зградата ЈАТ. Полицијата е веќе на лице место, а локалните жители се вознемирени.

Се утврдуваат причините за настаните штети.

Во инцидентот нема повредени, а причинета е само материјална штета. Екипи на СВР Битола извршија увид на местото на настанот, а обезбедени се и изјави на сопствениците на оштетените возила.

Според наводите кои ги објави битолскиот портал Алпа.мк, куќата што се урна е во сопственост на познати битолски бизнисмени од градот што работат и угостителство.

извор: Libertas.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести