Напаѓачот на Реал Мадрид и Бразил, Винисиус Жуниор ја напушта бразилската репрезентација поради повреда на колкот, пренесува „O Globo“.
Дваесет и тригодишниот фудбалер ќе се врати во мадридскиот клуб.
Претходно Винисиус проговори за повредата добиена на натпреварот со Колумбија (1:2) во квалификациите за СП 2026 година.
Бразил на 22 ноември ќе игра против Аргентина. Тимот се наоѓа на петтото место во поредокот (7 бода) за квалификациите за Светското првенство во 2026 година меѓу јужноамериканските земји. Аргентина е на чело со 12 бода.
МИА


