Висина на СУБВЕНЦИИ во ЛОЗАРСТВОТО за 2025 година

Владата ја донесе Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година

Висина на субвенции во лозарството за 2025 година за одржување на постоечки лозови насади

Подмерка 1.8 – Корисници на Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1.389 садници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2024 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 42.000 денари по хектар за сите лозови насади и -Висината на поддршката од алинејата 3 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% збирно за сите сорти.

Крајните рокови за поднесување на барањата за Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади е 31 мај 2025 година.

Извор: Службен весник број 26 од 6.02.2025 година

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести