Во февруари 2013-тоа година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го одби Законот за намалување на глобите и воведување опомена. Денес гледам после 2 години го сфатиле предлогот па гласале ЗА. Изгледа не им се допаѓал тогаш предлагачот. Изгледа само тие имаат таков вкус, зошто за светот нивниот вкус е 117-ти.
А фино им зборев:
“Еве колешке Бонева и така сте во Скопје, да се најдеме во недела овде во Собрание, па да видиме дали работат случајно работниците или не. Што не ги казни некој нив? На минус 20 степени тие работеа, ги видовме сите. Така? Ни се мотаат околку. Јадните луѓе, ги терате да работат и на минус 20 степени и во недела. Ама не смеат да бидат казнети, затоа што се во функција на преродбата. Цела Македонија гледа дека објектот ако припаѓа на Скопје 2014, нема одмор ни сабота ни недела. Ама некој ако сака да си ја прехрани фамилијата и детето да го прати во школо, а случајно не гласа за ВМРО ДПМНЕ, тогаш ќе му се истураат 100 казни и нему ќе му се затвори бизнисот. Затоа овој закон што го предлагаме е добар за граѓаните на Република Македонија. Тој нема да ги научи подобро да возат, нема да ги научи подобро да паркираат, ама нема да затвора бизниси во Република Македонија од кои што се прехрануваат многу семејства. Оти гледате што се случува.
На ДУИ му текнува ќе тера бизнис со отпадот во Македонија и затвора 2500 фирми што откупуваат старо железо. 60 милиони евра штета! Јас им честитам на луѓето што се одважуват секој ден се повеќе, излегува господинот што прехранува фамилија бидејќи дома му чека фамилијата да донесе леб да јадат, вика колку рекет да платам на оваа Влада. Колку лиценца нова трета да воведете да платам само да можам да си работам, бидејќи тој има семејство дома.
Па не е веројатно само фамилијата на Груевски што треба да живее овде во Република Македонија. Веројатно има и други граѓани во Република Македонија што живеат од сопствен бизнис, на кои што не мора со диктати и инспекции на глава да им седат секој ден за да можат да ги прехранат фамилиите. И колку тие ќе го оштетат буџетот.
Владата се расфрлува со спектакуларните посети на премиерот секаде во светот, никој не знае колку тоа чини, а тука тоа треба да го плаќаат граѓаните на Република Македонија и компаниите во Република Македонија. И затоа во Македонија има се повеќе затворени фирми. Затоа се повеќе фирми неисплаќаат или не може да исплатат плата. Отидете, еве често сте таму колешки од ВМРО ДПМНЕ во трговски центар, видете колку дуќани се затворени. Видете, еве прошетајте низ град и видете колку дуќани се затворени.
Важно фасадата се прави околу плоштадот Скопје 2014, бидејќи на некој не му се допаѓа. Јас реков и мене не ми се допаѓаат многу фаци во ВМРО ДПМНЕ, па не мислам пластична операција да им правам. Не му се допаѓало на Груевски како личи градот, па ќе ни го менува. Па не може тоа така. А кој ќе го плати тоа? Сите граѓани. Сите граѓани. Ќе гради Фијат комплекс во кој што ќе ја намали цената на квадратот во Скопје, него треба да му се уништи и да се дигне во воздух. Како таа казна, таа не можеме да ја преполовиме со пола динамит. Тоа се се политички одлуки, глобите во Република Македонија служат за политичка пресметка со неистомислениците.
Затоа овој закон е добар за сите во Република Македонија. од овој закон нема никој зиан да има, бидејќи Владата ќе научи домаќински да работи и да си ги наоѓа парите на друго место, а не од граѓаните да ги влече.”
Јани Макрадули – Фејсбук статус


