Во Чиле синоќа се откриени и конфискувани над сто тони наркотици, скриени во пратки со дрвен материјал, наменет за Европа.
– Благодарение на заедничката работа на обвинителството, поморската полиција и царината, запленети се 1.080 тони дрво третирано со разни дроги, што претставува историски удар врз организираниот криминал во нашата земја, се наведува во соопштението на чилеанската влада.
Тоа е најголема заплена на дрога во историјата на Чиле.
Доколку дрогата стигнела до Европа, таа од дрвениот материјал ќе била извлечена преку софистицирани хемиски процеси во специјализирани лаборатории.
Вредноста на запленетата дрога на европскиот пазар се проценува на над 8,3 милијарди долари.
Операцијата беше спроведена во пристаништата Сан Антонио и Валпараисо, централно Чиле како и во пристанишниот северен град Арика.
МИА


