До петок сите субвенции за лозарите ќе бидат исплатени, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во Неготино.
Пред неготинските лозари Јанакиески појасни дека ветувањето за исплата на субвенциите го пренесува во име на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
На сите тиквешани Јанакиески им го честита денешниот верски празник „Свети Трифун” кој се смета за заштитник на лозарите и винарите, а се слави во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион во Македонија.


