Во Конче масовно угинува добитокот, институциите никаде ги нема!

Сточари од општина Конче алармираат за состојбата со болеста „јазлеста кожа“ која го покоси добитокот.

Бараат помош од институциите за кои велат дека никаде ги нема.

-Ниту идат да вакцинираат, ниту ни кажуваат што да правиме со угинатиот добиток- реагираат сточарите.

kravi2

Според најавите од Агенцијата за храна и ветеринарство вакцините требаше да пристигнат крај на мај. Од СДСМ во неколку наврати се реагираше на несериозноста и ненавремената реакција на владата во справувањето со болеста „јазлеста кожа“ која сериозно се заканува да го уништи и така намалениот добиточен фонд во државата.

kravi4 kravi6

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести