На распоредот во Првата македонска кошаркарска лига за денеска се предвидени три натпревари со кои ќе се комплетира 5.коло. Двојките се: Струмица – Лирија, Вардар Апаве – Карпош Соколи и Работнички – Пелистер Спорт.
На првиот дуел од овој круг вчеравечер во Куманово, истоимената домашна екипа го победи Фени Индустри со 77:60.
За кумановчани ова беше трета победа во четирите настапи сезонава, додека Фени Индустри го запиша и петтиот пораз во пет одиграни натпревари по што останува на дното на табелата.
Надвор од конкуренција, екипата на Кожув одигра ревијален дуел со младинската репрезентација на Македонија и победи со 89:49.
Табела: Кожув 7 бодови (4 натпревари), Струмица 7 (4), Куманово 7 (4), Лирија 6 (3), Работнички 6 (3), Вардар Апаве 6 (4), Фени Индустри 5 (5), Пелистер Спорт 4 (4), Карпош Соколи 3 (3).


