Дерби натпреварот од 13.коло во шпанската Примера ќе се игра попладне од 16 часот во Мадрид, каде на „Сантијаго Бернабеу“ Реал ќе го пречека составот на Сосиедад, во меч на две екипи кои ја претставуваат Шпанија во Лигата на шампионите. Покрај овој натпревар денеска ќе се играат и средбите: Гетафе – Елче, Атлетик Билбао – Леванте и Селта Виго – Рајо Ваљекано.
На програмата утре се четири дуели, а двојките се: Еспањол – Севиља, Валенсија – Реал Ваљадолид, Виљареал – Атлетико Мадрид и Бетис – Барселона.
Вчера беа одиграни првите два натпревари во кои Алмерија со 1:0 како гостин ја победи Осасуна, а Гранада пред својата публика славеше победа од 3:1 против Севиља.
Табела: Барселона 34 бодови, Атлетико Мадрид 33, Реал Мадрид 28, Виљареал 23, Атлетик Билбао 20, Гетафе 19…


