Во прилепскиот регион зголемен интерес за земјоделско земјиште под концесија, да се зголеми градинарското производство за пониски цени на храната

Производителите на градинарски производи имаа добра година и пласман на производството и годинашново производство е зголемено за 5 до 10 проценти, оценуваат во прилепската подрачна единица на министерството за земјоделство.

Според Николче Карапеески, раководител на прилепската подрачна единица, и годинава се очекува добар пласман.

-По житарките и тутунот, градинарското производство во Прилепскиот регион е трета најзастапена земјоделска култура. Во споредба со лани, во  годинашново градинарско производство забележуваме зголемен трент, особено на пиперката. Зголемувањето е од околу 5 до 10 проценти.  Тоа се должи на цената што ја постигнаа производителите. Во последниве години производството варира и најмногу зависи од цената на продажба на произведеното. Годинава се очекува дека цената ќе се движи во рамките на ланското ниво и очекуваме производителите да бидат задоволни, вели Карапеески.

Поддршката на државата е по килограм остварен производ, а најголема поддршка имаат пиперките, доматите и краставиците.

– Поддршката се движи од 12 000 до 30 000 денари по хектар, во зависност од видот на градинарската култура. Така, пиоперката, доматот и краставицата добиваат поддршка од 30 000 денари, додека пак  производството на лубеници, дињи, тикви добива поддршка од околу 12 000 денари, а поддршката од остварено производство се движи од 3 до 5 денари за килограм.  Главно, сите градинарски култури се поддржани со по 3, а куртовската капија и производството во мај е со поддршка од 5 денари за килограм производство, објаснува Карапеески.

Интересот за земјоделско производство во Прилепскиот регион е сѐ уште добар. За тоа сведочи фактот дека во последните три огласи за давање под концесија на земјоделско земјиште интересот е голем и се издадени преку 2000 хектари. Главно за едногодишни земјоделски култури. Конкретно со, последниот повик за наем од по 3 хектари, се потпишани 250 договори.

-Во Прилепскиот регион имаше триста апликаци од кои за 250 Министерството за земјоделство склучи договори. Станува збор за 500 до 600 хектари.Според информациите, интересот во Прилепскиот регион за земање земјоделско земјиште под закуп е најголем, смета Николче Карапеески, раководител на подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп.

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести