Во Скопје ќе се дише пар – непар според матични броеви

Од несигурни извори дознаваме дека како соодветен одговор на загаденоста на воздухот во Скопје власта размислува да воведе систем „пар-непар“.

Граѓаните чиј што единствен матичен број започнува со непарен број ќе смеат да дишат на непарните датуми, а оние со парен – на парни. На 31-ви во месецот, како гратис од власта, дишењето ќе им биде дозволено на сите граѓани, но селаните тогаш ќе треба да покажат малку солидарност, па тогаш тие ќе дојдат на ред за недишење.

На оние што доброволно ќе се одвикнат од дишењето градоначалникот ќе им додели плакети. Ова е дел од проектот „Граѓанинот на последно место“.

Од дописникот: Дишко Нашкрговски

Испратено преку Контакт формата на Koza Nostra (http://kozanostra.net)

извор: Коза Ностра, портал за сатира и измислени вести

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести