Во Скопје осум сообраќајки, две лица тешко повредени

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, пет незгоди се со последица материјална штета, една со последица телесна повреда во која што со полесни повреди се здобиле две лица и две незгоди се со последица тешка телесна повреда. Едната се случила во 10 часот на ул. „Загрепска“ во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник во возило и втората, во 11 часот и 45 минути на регионалниот пат Скопје – Тетово во атарот на село Ласкарци во која исто така со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник во моторно возило.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира 20 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 14 возачи кои го користеле мобилниот телефон при управување на возилото или, пак, не користеле сигурносен појас, шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците, пет возачи се санкционирани за претекнување во зона на крстосница и четворица возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат возачи кои сториле прекршоци по различни основи.

Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска во 19 часот Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Цветан Димов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести