Ноќеска на регионалниот пат Тетово – Јажинце се случила сообраќајна несреќа во која е усмртена мечка, а повредени се две лица. Несреќата се случила кај Доброште.
– Во СВР Тетово е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б. Ш(60) од Доброште, „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Н. Г(39) од Теарце и диво животно мечка. Мечката е усмртена на самото место. Двајцата возачи се здобиле телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.


