(ВО ЖИВО) Уште едно сослушување за Ѓоковиќ, депортацијата засега одложна

Официјално започна уште едно сослушување за случајот со првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, пред судијата Кели. На самиот старт судијата потсети на правилата.

Во моментот сослушувањето е на пауза, а се очекува да продолжи за кратко време.

Сето ова доаѓа откако австралиската влада му ја укина визата на Ѓоковиќ, со облазожение дека тој преставува „мал ризик“ за јавното здравје и побараа негова депортација од земјата. Кон ова е додадено и образложението дека тенисерот, поради неговиот статус, доколку остане во Австралија, може да ја збуни „антиваксерската јавност“. Адвокатите на Ѓоковиќ веднаш поднесоа жалба на одлуката, по што е одложена депортацијата на Ѓоковиќ, но се уште не се знае дали тој ќе биде повторно во притвор до конечната одлука, или ќе може да учествува на „Австралија Опен“.

Тенисерот вечерва би требало да го даде својот исказ, а конечната одлука ќе биде во недела. Судијата Кели рече дека најдобро е одлуката да биде донесена од Федералниот суд на Австралија, бидејќи одлуката на овој суд, повторно би можела да биде укината од Австралисата влада како што се случи и сега.

Тенисерот треба да настаува на турнирот во понеделник и вторник, па временскиот рок во овој случај е многу важен, рече Судијата Кели и истакна дека иако коранавирусот многу лошо се одразил врз животот во Австралија, сепак, одлуката за вакцинацијата е политичка одлука и најдобро е за тоа да заседава повисокиот суд,

Сослушувањето заврши за денес, се очекува да продолжи утре наутро по австралиско време.

https://www.youtube.com/watch?v=t_-BcBnNeLA&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести