Возот со заинтересирани инвеститори од Индија вчера се упати кон Македонија. Вагоните беа претесни за неколкуте илјади заинтересирани индиски бизнисмени, привлечени пред се од можностите за евтина ќирија во кујчата на Миле Јанакиески во Прилеп, како и од поволната бизнис-клима.
– Цел живот ги читам извештаите на Дуинг-бизнис и знам многу за вашата земја и за преродбата која ја дожибвува македонската економија. Долго се двоумев каде да ги инвестирам милионите кои грижливо ги штедев сиве овие години и сега конечно мојот сон ќе се исполни тоа да биде во Македонија – вели Зоранхата Ставриџанди, мултимилионер од Њу Делхи.
Има најави дека возови, со сличен број бизнисмени, ќе тргнат деновиве и од другите поголеми градови во Индија. Се чини, клучна беше посетата на премиерот Никола Груевски, но и позитивните искуства кои на своите колеги-затвореници пред спиење им ги раскажувал Субрата Рој. За индиските мултимилионери ова би можело да се претвори во своевиден аџилак, односно духовно патување по стапките на светиот водач Субрата Рој.
Извор: Козаностра


