Времето до избори притиска, да се престроиме, лидери!

Овие избори се одлучувачки за државата. На многумина од нас од исходот на изборите ни зависат личните и професионални животи. Многу од нас „глава в торба“ имаме ставено сите овие години во битка против власта. Затоа до сите кои се гледаат на фотељите, порака да не се зафркаваат со нас кои сакаме безусловно да помогнеме. За да можат да седнат на тие фотељи, треба да станат овие што се сега, односно, да се смени власта. Партиските лобирања и функции ќе бидат пресудни во некои нормални избори. Во вакви клучни избори, дали ќе не биде или не, е најважно да се види кој е најдобар во одредена област, кого најмногу го почитуваат граѓаните, кој може да ги повлече и другите, меѓу нив и сплеткарошите во партијата. Не зборувам за пратенички листи, зборувам за ангажман на терен, кај граѓаните, гостувања во медиумите на компететни личности, а не само затоа што имаат партиска функција. Нашето трпение е на крај, или ќе се дозволи да работиме и помогнеме сите, како што јавно се декларираат лидерите на партиите во рушењето на оваа власт, или ќе изгинеме заедно со неспособните кариеристи. Времето не притиска, да се престроиме, лидери!

Ленче Николовска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести