Второ коло во групите Ц и Д на Европското првенство во ракомет

На Европското првенство во ракомет во Данска денеска се играат натпреварите од 2.коло од Ц и од Д групите. Во Архус во Ц групата играат: Србија – Русија (18 часот) и Франција – Полска (20:15 часот). Во групата Д во Копенхаген ќе играат: Хрватска – Црна Гора (18 часот) и Шведска – Белорусија (20:15 часот).

За репрезентациите кои настапуваат во групите А и Б денеска е слободен ден. На вчерашните дуели од 2.коло: Македонија – Чешка 24:24 и Данска – Австрија 33:29. На табелата води Данска со 4 бодови, пред Австрија 2, Македонија 1 и Чешка 1.

Во Б групата (се игра во Алборг): Исланд – Унгарија 27:27 и Шпанија – Норвешка 27:25. Шпанија е прва со 4 бодови, Исланд има 3, Унгарија 1, Норвешка 0.

]]>

Најчитани вести