Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ во своето обраќање во живо најави повеќе мерки по големите трагедии кои се случија деновиве.
Прва од мерките која ја најави Вучиќ е прием на 1.200 полицајци и по еден ќе седи во секое од 330 училишта. За масакрот во Младеновац тој рече дека злосторникот е уапсен и дека бел ден нема да види.
Исто така најави разоружување на Србија и такви проверки после кои Србија ќе остане на 30.000-40.000 парчиња оружје, кое во моментов го има на околу 760.000, проверка на условите на чување но и доста заострени казни не само за оние кои несовесно и незаконски го чуваат туку и за оние кои се занимаваат со негова илегална продажба.
Претседателот на Србија од полицијата побара што поскоро издавање на мораториум на издавање на било какво оружје во наредните две години, вклучително и ловечко оружје.


