Вујошевиќ: МЗТ во целост ја заслужи победата

Душко Вујошевиќ тренерот на Партизан го призна поразот од МЗТ Скопје Аеродром и додаде дека македонскиот првак во целост заслужи да се радува на големиот успех.

– Потполно заслужена победа за МЗТ Скопје. Тие дојдоа неоптоварени, без императив победа и го валоризираа тој момент. Одиграа борбено, ги искористија нашите грешки. Но треба да се потенцира дека се наоѓаме во состојба со многу повредени играчи, а Милутинов и Гагиќ играа со температура. Во секој случај останавме должни на нашите навивачи кои беа бројни и ни даваа поддршка за време и по натпреварот, изјави тренерот на актуелниот шампион на АБА лигата.

Според Вујошевиќ освен повредените играчи клучни за поразот на неговиот тим се недоволната ангажираност на одредени играчи и пристапот во дадени моменти.

– Во еден момент кога противникот постигна неколку тројки и поентираше во серија н’е фати паника и не најдовме соодветен одговор на нивната игра.

По 18 одиграни рунди во АБА лигата, за Партизан ова беше само петти сезонски пораз, а за МЗТ Скопје осма победа со која ги враќа шансите за пласман во горниот дел на табелата.

]]>

Најчитани вести