Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 214 возачи.
Од нив, информираа денеска од МВР, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 84 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови


