За брзо возење казнети 359 возачи на територија на цела држава

Казнети се 359 возачи вчера во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, соопштија денеска од МВР.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести