За непропуштање пешаци на пешачки премин казни за 142 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 142 возачи.

При акциската контрола санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци, информираа денеска од МВР. Само на територија на Скопје се изречени и 56 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин.

МВР и денеска и во наредните денови продолжува со ваквите акциски контроли. Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.

MИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести