Заедничка земјоделска политика и меѓусебна помош за надминување на проблемите во агро секторот

„Владата, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работат на прилагодување и унапредување на капацитетите, се со цел воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот. Размената на искуства, примената на нови современи техники и технологии се од огромно значње за сите нас. Само со освовременување на земјоделството и со воведување на нови технологии може да се развива, унапредува овој сектор. Европските фондови се од клучно значење во осовременување и модернизација на домашните земјоделски и преработувачки капацитети.“ – рече Бабовски. slika viena 2 Освен Бабовски, во македонската делегација се и раководителите на секторите аналитика Симеон Милевски, и на проекти Ванѓел Наневски кои земаа активно учество во панел дискусиите за автоматизација на процесот на доделување на субвенции за земјоделците, поедноставување и олеснување на исплатата на средства и унапредување на домашните фарми. На неформалната конференцијата, освен директори на Платежните Агенции, учествуваа и претставници на Европскиот суд на ревизори, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ. Освен за земјоделство, на годинашнава конференција се разговараше и за зголемување на економскиот раст, зајакнување на конкурентноста, Европскиот повеќегодишен буџет и неговото управување. Приоритети на Австриското претседателство се и безбедноста и борбата против илегална имиграција, просперитет и конкурентност преку дигитализација, стабилност во соседните земји и зближување со Балканските земји. Извор: МИА ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести