Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави дека денеска е постигнат договор за создавање парламентарно мнозинство, формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев објави исто така дека нивниот денешен договор треба да го потврдат највисоките тела на партијата.

-Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка меѓу СДСМ и колацијата Можеме и ДУИ, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

-Со задоволство сакам да ве информиран за постигнатиот договор за заедничка владина коалиција. Потребно е што е можно да ги конституираме институциите за подбра функција, а за потребите на граѓаните. Сигурен сум дека оваа одлука ќе биде поздравена од граѓаните, но и од меѓународниот фактор. Убеден сум дека денеска направивме многу добра работа. Убеден сум дека оваа влада досега ќе биде најуспешна, рече Ахмети.
МИА
]]>


