Загина поранешниот генерален директор на РТЦГ Божидар Шундиќ

Поранешниот генерален директор на Радио и телевизија на Црна Гора, Божидар Шундиќ, загина во сообраќајна несреќа во Никшиќ. Шундиќ беше на чело на РТЦГ од 2018 до 2021 година.

Полицијата потврди за Радио Телевизија Црна Гора дека возилото во кое се наоѓал Божидар Шундиќ е пронајдено во близина на Никшиќ.

Се претпоставува дека Шундиќ доживеал срцев удар додека возел. Полицијата сè уште не дала официјална изјава, според РТЦГ.

Божидар Шундиќ е роден во Никшиќ во 1955 година. Тој бил дипломиран инженер, долгогодишен новинар и уредник на неколку црногорски медиуми.

Тој беше раководител на Радио Телевизија на Црна Гора од 2018 до 2021 година.

Тој беше и директор на Втората програма на Радио Црна Гора (Радио 98).

Претходно, беше директор и главен уредник на РТВ Атлас, РТВ Елмаг и ТВ Пинк М, објави rts.rs.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести