Завршницата од годинешниот Кошаркарски куп на Македонија вторпат ќе се одржува во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид“.
Од Јавното претпријатие „Билјанини извори“ истакнуваат дека таквата одлука на Кошаркарската федерација на Македонија е признание за успешниот менаџмент на раководството на претпријатието, насочено кон заложбите Охрид да стане македонски центар во кој би се одржувале големи спортски настани.
– Одличната соработка со кошаркарската федерација, веруваме во иднина и со другите поголеми федерации, ќе придонесат за што побрз развој на спортот во нашиот град на задоволство на сите нас. Спортот, спортските настани, спортските идоли се сегашност и иднината на Охрид и ние како претпријатие секогаш ќе работиме во интерес на тоа, во интерес на спортистите и сите граѓани на Охрид, истакнуваат од ЈП „Билјанини Извори“.
Завршницата од кошаркарскиот куп на Македонија ќе се одржува од 6 до 9 февруари, а титулата ќе ја брани МЗТ Скопје.
]]>


