Земјоделските субвенции не смеат да зависат од кредити или издавање еврообрзници

Земјоделците сеуште ги чекаат субвенциите за 2015 година кои согласно Законот за земјоделство и рурален развој, требаше да бидат исплатени најдоцна до 30 јуни оваа година. Никој до сега не ја спречи владата да им ги исплати овие пари на земјоделците. Нема потреба од никакви кредити или издавање на еврообрзници. Во буџет од 3 милијарди евра, да замижеш можеш да најдеш 150 милиони евра особено што агросекторот по основ на даноци и други давачки кон државата во буџетот на РМ годишно внесува над 200 милиони евра.

Затоа земјоделците не треба да бидат жртви на пропагандата на ВМРО ДПМНЕ дека за неисплатените субвенции е виновна опозицијата. Земјоделските субвенции се државна мерка, а не партиска и тие треба да се исплаќаат навреме тогаш кога на земјоделците најмногу им се потребни со што ќе имаат и развоен ефект.

Со сериозна и домаќинска влада земјоделците сега ќе почнеа да ги добиваат субвенциите за 2016 година.

Ленче Николовска

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести