Земјоделците апелираат за вреќа добиточна храна, каде завршуваат донациите?

Хаосот и пустошот што го остави невремето во село Стајковци и после две недели е очигледен. Наместо пластеници- бришан простор, искорнати дрвја, однесени земјоделски култури и разочарани земјоделци.

krusi

Маки мачат и жителите кои во своите мини фарми чуваат по некое свинче, живина или крави. Целата добиточна храна која ја имаа произведено и складирано им е уништена.

pcenka

 

Од првиот ден после поплавата земјоделците од село Стајковци апелираат да им се помогне со  храна за добитокот кој успеа да се спаси од поплавените фарми. Следуваа апели на социјалните мрежи како и медиумите. Но и две недели после поплавата, храна за добитокот немаат.

svincinja_hrana2

– Водата беше точно над висината на вреќите, еве се гледа дека е мувлосана, а пченката веќе ја фрливме. Се снаоѓаме како знаеме, од роднини, пријатели по неколку вреќи колку додека не купиме. Од нашето производство не остана ништо – се пожали Ѓорѓија Велковски чие семејство годинава чува 10 свињи. Нивните примања, се мали, колку за сметките и од земјоделското производство го надополнуваат домашниот буџет.

svincinja_hrana1

– Моите информации се дека фирми кои произведуваат добиточна храна имаат донирано над 10 тона која се дистрибуира преку Агенцијата за храна и ветеринарство. Прашањето е зошто таа храна не доаѓа до вас производителите, односно треба да се види каде завршува оваа донација – изјави Ленче Николовска која денеска ги посети земјоделците од поплавените скопски села.

svincinja_hrana5

Според Велковски, добиточната храна се делела само на регистрирани земјоделци.

-И јас разбрав дека има донација и кога побарав ми рекоа дека таа се дели по список, исклучиво на регистрирани земјоделци и мене не ми следува – изјави Велковски.

vreki

Но друг земјоделец кој исто така не бил регистриран и кој имал само 3 свињи добил 100 килограми добиточна храна, што пак е доволно само за еден ден. Него му кажале дека следувало по 150 килограми од грло добиток.

svincinja_hrana6

-Очигледен е хаосот со распределбата на донациите, кои укажуваат на можна злоупотреба и завршување на добиточната храна во нечии силоси или се препродава.  – изјави Николовска која апелира до Агенцијата за храна и ветеринарство добиточна храна да им се додели на сите што одгледуваат добиток без разлика дали се регистрирани или евидентирани земјоделци.

lence_svincinja

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести