Земјоделците од Градско и Росоман пет дена ќе немаат вода за наводнување

Поради голем дефект на хидромелиоративниот систем „Макарија“, без вода за наводнување останаа земјоделските површини во атарите на Градско и во Росоманско.

 

Според Љубе Димов, директор на подружницата „Тиквеш“ од Kавадарци на АД „Водостопанство на Македонија“, пукнал сифонот на каналот за наводнување кај росоманското село Kамен Дол.

– Станува збор за поголем дефект поради дотраени лимови и армирана бетонска облога на цевководот. Интензивно се работи на терен и лимовите и армираната бетонска облога се заменуваат со нови. Очекуваме за околу пет дена каналот да биде доведен во ред и непречено да продолжи наводнувачката сезона во тој дел од хидромелиоративниот систем – информира директорот.

Апелира до корисниците на вода за наводнување за трпение.

– Работниците ќе сторат се што можат за водата во најскоро време да потече во каналите – нагласи тој.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести