Оризопроизводителите во паника: Наместо жетва, поплавени посеви во Кочанско

Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија Републиката нанесоа голема штета на земјоделството особено на оризопроизводството.

Штетите се големи во целиот регион, особено во општината Чешиново-Облешево каде нивите засеани со ориз се буквално под вода.

oriz

Најновите најави за нови врнежи од дожд ги преплашија оризопроизводителите кои со право стравуваат за собирање на нивниот годинешен труд.

Факт е дека оваа општина е најниската точка во регионот па кога и да има врнежи проблемите се исти.

oriz1 oriz2

Сепак земјоделците кои од сега најавуваат дека ќе претрпат големи штети се надеваат на помош од државата. Очекуваат деновиве регионот да го посети и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Михаил Цветков за да на самото место се увери во досега направените штети.

oriz4 oriz5

Извор: Комарец

Фото: Јоже Јефтимов 

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести