Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван во близина на Халкидики, се наведува во прелиминарната проценка на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
Според институтот Епицентарот на земјотресот, што се случил во 12:53 часот по локално време, се наоѓа на 12 километри југозападно од Ормилија, Халкидики.
Фокалната длабочина се проценува на 15 километри.
Според граѓаните, потресот бил почувствуван и во Солун.


