Земјотресот урна цела болница на југот на Турција, лекари и пациенти под урнатините

Страшен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја опустоши јужна Турција и соседните Либан и Сирија.

Според официјалните податоци најмалку 2.000 луѓе се повредени и има над 900 загинати.

Многу згради беа урнати, илјадници граѓани останаа без покрив над главата. Голем број луѓе се затрупани во урнатините и спасувачите се обидуваат да дојдат до нив.

Според првите проценки, околу 130 згради се урнати на југот на Турција, а во Шанлируфа, на југот на Турција, во земјотресот се урна целата болница и под урнатините ги затрупа болните, лекарите и медицинскиот персонал.

Спасувачите се на терен, а им помогнала и механизација, како и граѓани кои се обидуваат да ги пронајдат живите и повредените.

Извор: Центар.мк

Најчитани вести