Жарко Јорданоски:Тие што го бранат криминалот, а го напаѓаат СЈО, го носат на душа Коста Крпач

По овој прес на СЈО станува јасно дека незаштитениот сведок Коста Крпач најверојатно е ликвидиран од тие што сакале да го прикријат криминалот со набавките во МВР. Пратениците што одбиваат да ги прифатат барањата на СЈО за измени на законот за заштита на сведоците треба да се свесни дека со својата постапка го носат на душа и Крпач, а можеби и други како него. Тие ги обесхрабруваат сите други кои би сакале да соработуваат со законот и да помогнат во борбата со криминалот. Е, тоа е предавство на својата држава – да се ставиш во служба на криминалот наместо на законот. Крајно време е тие пратеници, политичари, новинари, јавни личности и други, што не се замешани во криминал, а учествуваат во оваа валкана игра, да ја разбудат заспаната совест и да се запрашаат што всушност прават, за кого, со какви цели? СЈО е светла точка на патот кон воспоставување на владеење на правото и законот и затоа мора да се поддржи. Тоа е должност на секој чесен човек во овој момент во Македонија, без разлика на политички убедувања и интереси.

Фејсбук статус на Жарко Јорданоски

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести