Жената што го тресеше детенцето како што сељаците ги тресат автомобилски пепелници на црвено светло во Скопје, е хистерична крава која во секој момент може да го истури млекото, да му удри чифте на бикот што дошол да ја дупи или да ја запали шталата во која спие, таа не е монструм во смисла на некаков скандалозен исклучок, повеќе би рекол дека е банална во злото, таа е дел од разгранатата мрежа на злото, сетете се само на учениците кои пред два дена коленичеа пред еден попски монструм и пред своите родители како монструми, а снимката во која го допира детето со двете раце како со две електроди полни со 220 волти, ме потсети на бомбастичните снимки во кои една машка дадилка ја тресеше цела Македонија, ѓоа бебенце, и ја уриваше базичната сигурност и ги убиваше родителите и ја палеше куќата и ги тероризираше жителите и ги трошеше парите и ја уништуваше перспективата! Жената и вршителот на должноста премиер се една личност во две тела!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


