Жител на Богомила: Немаме амбуланта, ќерка ми ќе умреше ако не најдовме возило…

Секое излегување надвор од Скопје, секоја средба со жителите од внатрешноста, особено од руралните средини, започнува со поплаки за најосновните потреби за еден нормален живот во 21 век.

Секоја средба започнува со апел на жителите од селата за асфалтирање на пат, за потребата од амбуланта и доктор, канализација, продавница, просторија за средби.

teovo

Ова беше случај и со жителите на село Богомила, Велешко каде вчера во посета беше Дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски заедно со советниците во неговиот кабинет, Ленче Николовска и Трајан Димковски. И овде жителите се пожалија дека се заборавени од локалната и централаната власт.

bogomila1

 

-Порано ова село имаше 3 500 жители, имавме амбуланта , четворица доктори, младите работеа, се занимававме со земјоделство од кое можеше да се живее. Денеска за жал, останавме 200 постојани жители, без основните услови за живот особено без доктор. Ќерками беше болна, ќе умреше ако не најдовме возило да ја однесеме во Велес – се пожали жител на Богомила.

 

bogomila

Вашиот пример само покажува во каква состојба е доведена државата и колку се уништени и партизирани институциите, констатираше Николовски и додаде дека воопшто во државата ништо не функционира, а со парите од буџетот наместо изградба на патишта, амбуланти и други основни потреби власта градеше споменици и други непродуктивни проекти за што потрошија 600 милиони евра.

ljupco3

– Со овие пари на сите граѓани на Република Македонија  можеше  многу да се направи  за ваквите села како Богомила, Нежилово, Согле, Ореше и Бистрица. Тоа ќе придонесеше и за намалување на миграцијата село град, за напуштање на младите не само од селата туку и од државата. Дури 600 000 луѓе последните 10 години ја напуштиле земјата. Тоа е пораз за една држава  – изјави Николовски.

ljupco4

Уште еден голем проблем имаат жителите од овој со ЈП Македонски шуми. Имено Целокупниот шумски фонд со кој стопанисува ЈП Македонски Шуми Велес  е на територија  на о.Чашка -Јакупички масив.

ljupco_penzioner

 

Управувањето со приватните шуми од страна на Мак.шуми е непрофесионално .Поднесените барања за сеча поднесени  по законот за управна постапка не се одговараат по законски утврдениот рок од 30 дена  на граѓаните  баратели. ЈП Македонски Шуми Велес немаат возила за превоз и истиот  незаконски е на терет на граѓаните кога добиваат дозвола за приватна сеча.Еднаш го превезуваат приватно Инжињерот за  маркирање ,потоа му го плаќаат и патот на техничарот за секоја издадена испратница од 500-1000 ден за секоја испратница, пари кои никаде не се евидентираат. МЗШВ преќутно  ја одобрува оваа појава  со знаење на Министерот. Долго се чека за потпис и од страна на директорот кој ги потпишува одобрувањата  за приватна  сеча селективно  за лица блиски до власта.Сопстениците на шуми доживуваат вистинска голгота за оваа проблематика – обвинуваат жители од село Теово.

ljupco5

Николовски посочи дека има решение и за овој  проблем на жителите преку сериозен пристап од страна на државата.

– Ќе ги вратиме лиценцираните правни лица да вршат стручни работи во приватните шуми, маркирање,одобренија и давање испратници, со цел многу поекспедитивно да го оствуваат правото на сеча во приватна шума. Потоа ќе ја укинеме обврската при барање на одобрение за сеча во приватна шума да се плаќаат елаборати на приватните геодетски друштва за утврдување на границите на шумата. Исто така во план е трансформација на ЈП Мак шуми со цел поефикасно и на време да ги снабдува граѓаните со огревно дрво. Што се однесува до шумската полиција таа ќе делува многу поефикасно и ќе биде многу пофункционална во состав на МВР- изјави Николовски.

ljupco6

На слични  проблеми и состојби укажаа и жителите од селата Теово и Извор. Земјоделците од Извор  посочија и на проблемот со откупот на земјоделските производи како и високата разлика во класите  на тутунот за што побараа помош од дополнителниот заменик министер за земјоделство Николовски.

izvor

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести