Дваесет и две годишниот бразилски фудбалер Жоржињо потпиша договор со Наполи до 2018 година.
Тој од Верона доаѓа во клубот за кој настапува Горан Пандев за сума од 5,5 милиони евра. Бразилецот игра во средниот ред и во зимскиот дел од полусезоната беше еден од најдобрите играчи на Верона постигнувајќи седум голови на 18 натпревари.
– Среќен сум што ќе го носам дресот на Наполи. Тоа е голем клуб и верувам дека направив правилен потег, изјави младиот Бразилец по ставањето на својот потпис на договорот со клубот од Неапол.
Интерес за ангажман на овој фудбалер покажуваа и Рома и премиерлигашот Ливерпул.
]]>


