ЗК Пелагонија АД Битола минатата година има пораст од 21,01% во делот на вложување во постојаните средства, во апсолутен износ од 302.440.116 денари, вели компанијата во образложението на финансиските резултати.
Најголеми инвестиции има во изградба на современи краварски фирми со капацитет од 1.000 молзни крави, што придонело позицијата на недвижности во Билансот на успех да забележи пораст од 92.189.860 денари во однос на претходната, 2013 година.
Комбинатот инвестирал и во набавка на пософистицирана и модерна земјоделска механизација за 64.847.238 денари, и високостелни јунци од Холандија за 689.132.427 денари.
Долгорочните финансиски вложувања лани се зголемени за 36,67% или во апсолутен износ за 84.029.554 денари. Во оваа структура влегуваат зголемувањето на основната главнина на капитално поврзаниот субјект „Пелагонија Enerxi“ ДОЕЛ Битола и истите се искористени за изградба на биогасна централа со капацитет од 2 MW, велат од комбинатот.
Како резултат на овие вложувања, кредитната задолженост на комбинатот е зголемена за 65,46% во однос на претходната година.
Извор: Емагазин


