Ај сега да се разбереме нешто. Ганстериве се фатени на дело и тоа неколкукратно! Никој не треба да очекува дека ќе се предадат лесно. Направија се, а имаат сила уште да прават бељи.
Жалам што во ова вплеткуваат и припадници на полиција, администрација, уценети јадници и се што им се нашло како “клиент“ во изминатава деценија. Будалетинките не ги сметам во ова оти тие и утре ќе бидат такви, ама тоа е материјалот со кој располагаат.
Затоа, да си ги отвориме очите и со ладни глави да РАБОТИМЕ на воспоставување на што понормална ситуација, да не наседнуваме на било каква провокација. Со смиреност и ладни глави најдобро ќе се заштитиме самите себе и ќе им бидеме од помош на сите оние во институциите кои ќе ОДБИЈАТ да извршуваат НЕЗАКОНСКИ НАРЕДБИ на мафијашките шефови.
Партиите кои освоија опозициони гласови да не се повлекуваат на “заслужен одмор“ со оглед на тоа што ИМАМЕ РАБОТА се до оној момент кога процесот на соборување на диктатурата ќе биде завршен и земјата ослободена. На нив и на нивните активисти лежи огромна одговорност и обврска кон сите граѓани кои го дадоа гласот за нив.
Од Историјата знаеме дека Окупаторот при повлекување е насилен, ќе прави многу штети, ама да сториме се таа штета биде што помала.
Ќе се “чаталат“ уште некој ден, нервозни се, ама толку. Знаат многу добро што ги чека и дека ќе се соочат со вистинската Правда било кога….!
Ѓунер Исмаил
Фејсбук статус


