Сите свињарии во Македонија изминативе години не ги направија Груевци (?), туку ги изрежираа Ротшилди и Џорџ Сорос, нели, сфатени на наш, македонски начин
Се сеќавате на она слика која осамна во „Република“, a под сликата пишува: Сорос-нацист-евреин? Позади секоја приказна за Сорос, Ротшилд, масонерија, илуминати и sидари, да не’ заборавиме, стои ноторен антисемитизам. Оставете ги парите на страна, груевистичката девиза е: само да го решиме тој Сорос, само да ги решиме тие Евреи, или тие филателисти, на светот ќе настане мир и благосостојба. Само да го решиме Сорос и евреите, во Македонија ќе настане мир и благосостојба, така мисли овдешниот патриотски ум.
Ги исчитувам, почитувани, патриотите на Груевски, па на ум ми падна нешто што нема врска ниту со бегство во минатото, ниту со бегство кон иднината: што повеќе време изминува, и што повеќе груевистите се глупираат и полудуваат – мислам на Македонската територија in general – се повеќе ми се чини да се биде „соросоид“ (повеќе како тон во однесувањето отколку усмерување на мислење) е прашање на граѓанска пристојност, зрелост, добро воспитание, убаво однесување, естетски вкус, па на крајот на краиштата и’ образование. Во „соросоидот“ е впишана и човечката емоција, способност на имагинација, а потоа и проповедање за светот. „Груевизмот“ во денешно време е последица од конзумирање на прирачници за самопомош и курсеви за менаџери. „Груевизмот“ е оној одвратен chinise smile низ кој Американците се трудат да ја потврдат својата особина (а и колективна) – супериорност. „Груевизмот“ е насмевка на идиот, и оние кои треба допрва да станат груевисти, насмевка без никакво покритие и емоција, баш како што нивното мислење е без покритие и емоција.
Притоа, да се биде „соросоид“ не значи да се мисли дека се’ е лошо и дека се’ ќе се претвори во пепел, затоа што таквото мислење го застапува секоја машка и женска баба; таков темперамент имаа нашите социјалистички граѓани, кои се, откако за себе знам, жалеа, па и натаму се жалат на скапотијата (или скупотињи – како што порано зборуваа слабо образованите поединци низ бившата СФРЈ); сакам да кажам дека „груевизмот“ е резултат на лошите политики, а своето „политичарење“ го пополнуваат со тоа што ќе „протеруваaт душмани“, ќе „десоросоизираат“, ќе бараат „внатрешни непријатели“ и слично на тоа. Јас, најотворено ви велам, кога ќе помислам на „чистење“, „десоросоизација“, „протерување“, веднаш помислувам на клање. И не знам со кој јазик зборуваат оние кои такво нешто заговараат.
„Соросоидноста“ е предвидување дека злото ќе се случи и дека треба да ја сочуваме присебноста и достоинството. „Соросоидноста“ е начин на гледање на она што веќе се случило, без преголема потреба да се гата иднината. „Соросоидност“ е начин на разумниот свет да го избегне празноверието. А ништо оваа земја не ја уништи така како бруталното „менаџирање“ со човечки души и празноверието.
Последниве десет години „груевизмот“, како „македонско празноеврие“, направи од оваа држава големо зло и голема штета, па ако се вратиме во 20. век, ќе видиме дека големите војни почнаа да се водат токму заради празноверие. Па, што, да повториме (за ова еднаш веќе пишував) беше Хитлеровата идеологија? Едно големо и колосално празноверие кое настана како систем на мислење; едно празноеверие кое беше толку лудачко така што на луѓето им се чинеше дека е невозможно било кој во него да улови. А се улови цела Германија, а потоа се улови и цела Европа. Посреде стоеја маргинални лудории: еугеника, магија за дилетанти, надополнета со германско-нордијска митологија, нумерологија и антисемитизам, според последиците најстрашното празноверие во заедничката историја. Помеѓу празноверието на 20. век е, сепак, најраширен, а и најсоцијализиран – национализмот. На крајот, на се’ друго луѓето ќе се смеат, или ќе се ругаат, или ќе се гадат, додека национализмот, дури и ако луѓето не се националисти, ќе биде нешто за што ќе се разговара, нешто што има свои причини и историски последици, а последицата е некакво интелектуално промислување.
Верските војни имаат свој крај, затоа што верската догма има релативно довршена форма, приказна која не може туку така да излезе од својот образец. Војни кои се водат заради празноеверие немаат свој крај, затоа што празноверието слободно се трансформира, немаа довршен оквир или образец. Празноеверието е како некој страшен вирус што има моќ и способност за бескрајни мутации и прилагодувања на околностите. Затоа национализмот е многу поопасен од верскиот фундаментализам – иако, и под верски фундаментализам понекогаш се крие празноверие. Погледајте што му е потребно на локален фашиста: ним нужно не им се потребни логори (што значи дека револуцијата ќе се води со други сретства), ама идеите им останаа исти… Позади секое празноверие стои некакво оптимистично предвидување, или барем позитивен поглед на заедницата. Дури и во теориите на заговори стои некакво лудо и разиграно предвидување. Да ја испишеме онаа која вели дека за се’ е виновен Ротшилд, масоните, илуминатите и Џорџ Сорос. (Ги видовте оние македонски дилетанти кои среде Њујорк протестираат против Сорос во Македонија?)
Сите свињарии во Македонија изминативе години не ги направија Груевци (?), туку ги изрежираа Ротшилди и Џорџ Сорос, нели, сфатени на наш, македонски начин.
Гледам на телевизија пред некоја ден како Александар С., уметникот кој се прослави и кој е признат од националистичката груевистичка елита, како вели дека на Ротшилди им се прилепуваат „псевдоевропејците“, то ест Хазарите кои лажно се претставуваат како Евреи. На таквото тврдење водителот на емисијата останува нем, се разбира, дури ми се пристори како да го одобрува таквото тврдење на уметникот, а и тој е уредник кој е наградува и признат од Груевистчката националистичка елита, како што бива со сите националисти и пациенти во таквиот политички корпус. Се разбира дека позади секоја приказна за Ротшилди и Џорџ Сорос стои ноторен антисемитизам, но да го оставиме тоа по страна.
Позади сите тие приказни за Џорџ Сорос стои радосно уверување како сите проблеми ќе се исчезнат и во Македонија ќе има мир и благосостојба, само ако ги решиме, на пример, тие „соросоиди“. Или тие одродените, шпиуните, комуњарите, сосема сеедно. Ама пораката во секој случај е оптимистична.
На самиот крај, би сакал со еден морализаторски тон да ги „укорам“ Груевци да престанат да се глупираат и да земат нешто да прочитаат. Кога велам „Груевци“, не мислам на првиот ешалон, туку мислам на оние обични гласачи, во некоја рака „обични граѓани“: да ги отфрлат сите глупости кои им ги сревираат и да прочитаат нешто од Петар Слотердајк. Освен што умее да мисли и што е песимист, а по малку е и мизантроп на Сиоранов начин, Слотердајк е меѓу ретките филозофи кои водат сметка за убавото во пишувањето, или можеби едноставно има литературен талент, не знам. Значи, да баталат будалаштини кои им ги сревираат Груевци, затоа што јас, мајке ми, oптимистично верувам дека тие луѓе не се толку глупави како што ги прави нивната одродена груевистичка елита. Тоа ќе ви го каже и Слотердајк, тој филозофијата ја пишува како книжевност, или книжевноста како филозофија, сеедно. Прочитајте Груевци, прочитајте го Слотердајк, ви препорачува еден „соросоид“.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


