„Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнил обврските што ги презел во рамките на Реформската агенда и дека со приближувањето на 1 јуни станува јасно дека уште едно негово ветување останува нереализирано.

Од партијата потсетуваат дека Мицкоски ветил целосно исполнување на точките од Реформската агенда и на обврските поврзани со продолжување на европскиот пат на државата, но, според нив, тие ветувања не се реализирани.

Во соопштението СДСМ наведува дека нема спроведени реформи, ниту активности за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски и негово враќање на издржување затворска казна.

Од партијата го обвинуваат Мицкоски дека претходно ги довел во заблуда граѓаните со ветувања поврзани со името на државата, Преспанскиот договор, како и прашањата за македонскиот јазик, идентитетот и културата.

Според СДСМ, од десетте точки на Реформската агенда досега се реализирани само две и тоа нецелосно. Како особено важна ја посочуваат обврската за внесување на малцинствата во Уставот, оценувајќи дека без тој чекор државата не може да продолжи со евроинтегративниот процес.

Од СДСМ сметаат дека без исполнување на оваа обврска нема да има напредок во преговорите со Европската Унија, отворање нови поглавја, пристап до дополнителни европски фондови и можности за побрз економски развој.

Партијата го повика Мицкоски да ги внесе малцинствата во Уставот или, како што наведуваат, јавно да соопшти дека не поддржува членство на државата во Европската Унија.

Воедно, од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон изолација, тврдејќи дека причината за тоа е избегнувањето на европските стандарди, независното судство и механизмите за борба против корупцијата. објави Скопје1.мк

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести