Сакам да кажам за Зоран Заев …

zaev_povreden

Денес додека сите се радуваме на големиот политички успех на СДСМ, коалиционите партнери и претседателот Зоран Заев, како иден Премиер на РМ …, сакам да кажам зошто безусловно му верувам на овој Човек, без „гаранции“ за неговите принципи на работи …
Скромноста која беше неговата доблест и карактеристика, додека ја извршуваше функцијата потпретседател на СДСМ, навидум го правеше не толку важна политичка фигура во опкружувањето на поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски.
Неговата ненаметливост, способност, посветеност на развојот, непосредноста со партиското членство и со сите граѓани во тој период му ги обезбедија лидерските гаранции кои ги докажа како најуспешен градоначалник во РМ – домаќин.
Свесни за неговиот политички подем и раст како потенцијален државник ги обедини непријателите кои успејаа на еден срамен и докажано фингиран процес, да стават дамка на неговата Чесност. Аболицијата која никогаш не ја побара стана пропагандно оружје на политичките противници кои во отсуство на аргументи против неговата храброст, чесност и слободољубие му додаваа епитет аболициран криминалец.
Но, длабоко во себе и самите не веруваа во тоа, бидејќи потајно посакуваа да бидат #ЗоранЗаев и да бидат слободни и храбри како него.
Додека го пробиваше мразот по конгресниот избор за претседател на СДСМ, за кој бев посебно горда и уверена дека тој е Човекот што ѝ е потребен на Македонија …, имаше денови кога заклучував дека, можеби СДСМ не го заслужува.
Имаше денови кога се борев против својата директност и „политичка нетактичност“, на сите отворено да им одговорам на нивната партиска некоректност и лицемерие со кое го условуваа и именуваат „сељакот од Муртино“ – лидерот на партијата која сруши режим без капка крв (освен сопствената, пролеана на 27.04).
Се воздржував, бидејќи верував и знаев дека, ќе дојде денот кога и најголемите политички противнициќе му се поклонат и ќе пружат рака на човекот кој ги обедини сите и допрва ќе ги обединува сите граѓани на РМ.
Вредеше да се чека тој ден, кога светот ќе го гледа како Единствен Лидер – Државник со капацитет и искрена намера Македонија да ја направи домаќинска куќа вредна за почит, дома и во странство.
Но, тоа што сакам да го кажам е надвор од границите на политичкиот габарит на #ЗоранЗаев …
Македонија има среќа што во судбоносните моменти за државата – нејзиниот мир и просперитет – доаѓа Човек кој има Душа како Шар Планина и Мудрост како најдлабоките океански води. Со вредности на вистински Верник – Човекољубец, Правдољубец и Љубов кон сите, тој во најтешките моменти за себе, не заборави да не помисли и да не помогне на сите кои побараа и не побараа негова помош.
Мислеше и се грижеше за сите …, неделејќи ги луѓето по ниту една основа. Со него можеше/може да седне секој – и оние кои го сакаа и оние кои не го сакаа, и оние кои му се восхитуваа и оние кои му завидуваа, и оние кои сакаа да помогнат и оние кои одмагаа … Но, секого сослушуваше/сослушува, недозволувајќи да се каже лош збор за човек што тој го познава. За секого и секогаш имаше оправдување и покрај критиките, учејќи не дека сите можеме повеќе и подобро …
Многумина му замеруваа за неговата отвореност, достапност, широкоградост и слобода со која комуницираше, се дружеше и чекореше помеѓу луѓето. Но, тие не знаеја дека таа Ѕвезда е неговиот пат кон успехот и тоа е силата на Духот кој го води кон успех, заради Македонија !
Секогаш кога помислував на моите најблиски дома, помислував и на неговите најблиски дома, молејќи се да соберат сила …, зошто нивната сила е негова сила, нивната верба е негова верба, нивната љубов кон него е неговата љубов кон Македонија !
Знаев дека чекориме сигурно и без грешки, затоа што зад нас, или пред нас чекорат Луѓе кои животот го посветија на Македонија и нејзиниот просперитет. Без дилема, застанав рамо до рамо со Човекот, некогаш срамејќи се од сопствената скромност, навидум политичка наивност …
Денес, кога Човекот, Лидер #ЗоранЗаев стои на историскиот праг на модерна и европска Македонија како нејзин Премиер и кога е безусловно поддржаниот предлог за Претседател на СДСМ, нема збор што може да ме убеди дека, нема да успееме за Македонија и за Живот на сите граѓани во Македонија еднаква за сите !
Деновите полни со предизвици, нека не потсетат сите дека, #ЗоранЗаев отвори и испишува нови страници во историјата на СДСМ и на РМ !
На тие страници нема место за омраза, подметнување, лаги, манипулации и ситно профитерство, туку на искреност, подадена рака, фер-плеј и оддржан збор за развој, еднаквост и слобода за сите !
Овие денови, нека бидат и денови на духовна поука која траба да ја научиме од Човекот #ЗоранЗаев, а тоа е дека, никогаш не треба да го потцените човекот што како влог и за Вашата слобода и Живот, го заложи својот Живот и својата Слобода …, а најмалку сега кога покажа дека, стои гордо, со крената глава и кога од неа тече крв и кога во неа тече мудрост, мир и трпение …
Време е за мир и подавање рака на сите кои веруваат дека, Македонија победува со #ЗоранЗаев и дека, #ЗоранЗаев победи за Македонија !

– Ништо не е невозможно, додека не се заврши – Мандела

Фејсбук статус на Фросина Ременски

gandi



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *