СП 2026: Победата над Мексико е посебна за англискиот тим

Репрезентацијата на Англија го доби осминафиналето со Мексико на негов терен со 3:2, а притоа поради црвениот картон Џарел Кванса, англичаните играа со десет играчи во најголемиот дел од вториот дел.

–  Многу е … Моите емоции, се многу измешани. Едноставно сум горд на менталитетот и ставот. Го направивме тоа со чист менталитет, со срце. Ги надминавме сите пречки. Ова е посебна ноќ за нас. Измешани чувства и затоа што сум исцрпен, се разбира, и емотивен, но исто така и тажен затоа што Џордан (Хендерсон) се повреди. Тој во моментов е во болница. Во подготовките, никогаш не се чувствуваше како осминафинале. Сè уште не се чувствува како осминафинале. Како да победивме во финале или нешто слично. Знаете 40, 50 минути игравме со 10 играчи, на надморска височина против домашна репрезентација, против силен, силен мексикански тим. Победата е посебна и ќе има многу посебно место за сите нас, изјави селекторот на Англија, Томас Тухел.

Англија во четвртфиналето ќе игра против Норвешка на 11.јули во Мајами. 

МИА

Најчитани вести