Во Кочани уапсен кандидат за советник на ВМРО ДПМНЕ за поткуп на гласачи

МВР во координација со обвинителството, вечерва во Кочани привела лице кое е дел од листата на советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ за град Кочани.

Лицето било фатено од страна на полицијата по претходен налог на Јавен обвинител за основано сомнение за поткуп на гласачи.

Кај осомниченото лице биле пронајдени гласачки списоци, пари и други материјали недозволени според Законот за избори. Од МВР, за порталот Либертас, го потврдија приведувањето и најавија повеќе детали за вечерва.

-Бејсим Шакири, кандидат за советник од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, е повикан на разговор во полициската станица во Кочани. Осомничен е за поткуп на гласачи и кај него, според првичните сознанија од МВР, најдени се пари, списоци на гласачи и друг материјал – информираа од МВР за Либертас.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести