Вкусен и брз оброк за подготовка, може да биде појадок или главно јадење.
Состојки:
- 1 тиквичка
- 2 пиперки
- 3 домати (може и шери домати)
- 4 јајца
- 4 дл павлака за готвење
- сол, масло, бибер
- масло за пржење
- 100 грама рендано сирење
- сецкан магдонос
Подготовка:
Добро измијте го целиот зеленчук и исечете го на тенки парчиња, прстени или по должина. Пржете кратко во масло од двете страни. Ставете го зеленчукот во огноотпорен сад. Изматете ги јајцата со павлаката и додадете ги зачините. Прелијте го зеленчукот и наросете со сирење и сецкан магдонос. Ставете го во претходно загреана рерна околу 10 минути да се пече.
МИА


